Бомбашки напад на венчавка во Јемен, 13 загинати

0
288

Најамалку 13 лица загинаа, а 38 се повредени во бомбашки напад што се случи за време на венчавка во куќа во Санбан, град под контрола на бунтовничките сили, јужно од градот Сана во Јемен.

Санбан се наоѓа во провинцијата Дамар, на околу 100 километри јужно од Сана, а сведоците за нападот ја обвиниле коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

„Во болница се примени 13 тела и доведени 38 повредени по бомбашкиот напад на куќа каде неколку десетина луѓе прославувавле венчавка“, јавува AFP, повикувајќи се на извори од болницата.

Сведоците тврдат дека нападот го извеле воздухопловните сили на провладината коалиција.

„Нападот го изведоа авионите на коалицијата. Куќата е потполно уништена. Пред нападот се слушаа авиони“, изјавил очевидец.

Минатиот месец, најмалку 131 лице загинаа за време на венчавка во воздушен напад за кој постои сомнение дека го извеле коалициските сили, но тие го демантираа ова обвинување.

Според податоците на Обединетите нации, во Јемен во последните седум месеци околу 5.000 лица загинаа, а 25.000 се ранети, меѓу кои многу цивили./крај/мф/ффс