Бомбашки напад во Истанбул

0
534

Наjмалку 11 лица загинаа, меѓу кои седуммина полицајци, а 36 се повредени во бомбашкиот напад на полициско возило во центарот на Истанбул, соопшти денеска истанбулскиот гувернер Васип Сахин.

Според него во нападот загинале и четворица цивили, а меѓу повредените три лица се во критична здравствена состојба.
Турските медиуми претходно соопштија дека цел на нападот бил автобус кој превезувал полицајци.
Нападот се случи во централниот инстанбулски кварт Везнечилер, во утринските часови за време на најголемиот метеж и тоа во близина на историскиот кварт на градот.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.