Бомбашки напад во југоисточна Турција

0
299

Пет лица загинаа, а 39 се ранети при експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во турскиот град Чанар. Од експлозијата на бомбата се урнале еден ѕид од полциската сатница, како и дел од соседна станбена зграда. Регионалната управа соопшти дека две лица загинале пред полициската станица, а три ги загубиле животите при уривањето на станбената зграда.  Засега никој не презеде одговорност за нападот, но властите обвинија дека тоа е дело на припадниците на сепаратистичката Курдска работничка партија.