Бомбашки напад во Кабул, најмалку 14 загинати

0
210

Најмалку 14 лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец во главниот град на Авганистан, Кабул. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Седик Седики, изјавил дека бомбашот се разнел во близина на минибусот на обезбдувањето на една странска компанија.

Седики информирал дека загинале најмалку 14 лица, осуммина биле ранети, а полицијата ја утврдува националноста на загинатите.

Агенцијата Асошијејтед прес, повикувајќи се на полициски извори, објави дека загинати се државјани на Непал, кои работеле како чувари на компанијата која била цел на нападот, а дека четворица од ранетите се авганистански цивили.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибаните. крај/мф/нц