Бомбата беше подарок за САД, ќе ги има уште

0
366

Северна Кореја соопшти дека со неодамнешните „самоодбранбени мерки“ испратила „пакет-подарок“ до САД и најави дека ќе има уште такви „подароци“.

Севернокорејскиот амбасадор во Женева, Хан Тае Сонг, го кажа ова во обраќањето на Конференцијата за разоружување, која се одржува под покровителство на Обединетите нации, два дена откако Пјонгјанг го спроведе своето шесто и најголемо нуклеарно тестирање, пренесува Ројтерс.

„Најновите мерки за самоодбрана на мојата земја, Демократска Народна Република Кореја, претставуваат пакет-подарок упатен исклучиво на Соединетите Американски Држави“, кажа Хан на собирот во Женева.

www.mkd.mk

Без коментари