Боно се сретна со Макрон за да разговараат за сиромаштијата

0
240

Францускиот претседател Емануел Макрон го прими поп-пејачот и филантроп Боно во Елисејската палата во Париз за да разговараат за сиромаштијата.

На вчерашната средба, која траела повеќе од еден час, Боно и Макрон разговарале за невладината организација УАН, која – пишува на нејзината веб-страница – презема „акција за ставање крај на екстремната сиромаштија и болестите што може да се спречат, особено во Африка“.

Во придружба на француската прва дама Брижит Макрон, Боно по средбата рече дека едно од главните прашања во плодните разговори беше образованието на девојки и жени во Африка.

Боно, познат активист, не ѝ е непознат на француската претседателска палата. Тој се сретна и со поранешните претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд.

На пејачот на У2 во 2003 година му беше доделен орденот Легија на честа, највисока француска почест за воени и цивилни заслуги.

www.mkd.mk