Борис Џонсон, шеф на британската дипломатија

0
229

Новата премиерка на Британија Тереза Меј го наименува Борис Џонсон за шеф на британската дипломатија. Тој беше еден од главните лидери во кампањата за излегување на Британија од Европската унија. За овој поранешен градоначалник на Лондон се сметаше дека ќе биде новиот премиер на Британија, но тој воопшто не се кандидираше за лидер на Конзервативната партија. Многумина го критикуваат дека иако беше за излегување на Британија од Унијата тој немал никаков план и како тоа да биде спроведено.