Борусија Дортмунд без проблем во четвртфиналето на Купот

0
355

Борусија Дортмунд, Штутгарт, Херта и Бохум ја комплетираа листата на учесници во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Германија. Борусија рутински славеше во Аугсбург со 2:0 иако домаќинот одолеваше еден час на гостите од Дортмунд. Обамејанг во 61-та и Мхитаријан во 66.минута беа стрелци на головите за „милионерите“. Владимир Дарида ја предводеше Хрта до победата во Нинберг од 2:0, а Бохум со ист резултат славеше во вторлигашкиот дуел против Минхен 1860. Штутгарт дури по продолженијата го елиминираше Брауншвајнг и тоа со голот на Тони Шуњиќ постигнат во 118. минута.

Без коментари

LEAVE A REPLY