Боса низ незаборавот-емотивно четиво за болката и страдањето

0
415

Во Битола се одржа промоција на книгата Боса низ незаборавот на авторката Ана Јанкуловска.
Посебно внимание во романот предизвикува раскажувачката техника на авторката со која таа преминува од една во друга улога, од раскажувач до мајка, баба, сопруга, свекрва, соговорник, успешно отсликувајќи ги сите ликови, а посебно ликот на загубениот син, кому таа го посветува овој роман.
Во книгата се доловуваат внатрешните семејни односи, искрената љубов која постои помеѓу неа и синот, сите збиднувања и настани кои ја сочинуваат и нашата животна реалност.Името на романот доаѓа по еден сон на авторката, а за смртта на синот вели дека е сеуште неразрешена мистерија.
Краткиот роман Боса низ незаборавот, е привлечно четиво кое иако се чита “во еден здив”, уште долго останува во сеќавањата и за кое уште долго се размислува.

Без коментари

LEAVE A REPLY