Босански врбувач на „Исламска држава“ доби 20 години затвор

0
340

Австрискиот суд во јужниот град Грац осуди на 20 години затвор босански проповедник кој ги пропагирал идеите на џихад и „Исламска држава” и врбувал борци.

34-годишниот Ебу Тејма бил прогласен за виновен за подготовка на терористички акти и учество во терористичка група. Покрај тоа, обвинителството истакна дека Тејма испратил во редовите на „Исламска држава” неколку луѓе. Судењето на Тејма започна во февруари.

Обвинителството соопшти дека тој радикализирал десетици млади луѓе на возраст меѓу 14 и 30 години. Тејма избегал од Босна во Виена по распадот на Југославија и проповедал во многу австриски и германски градови, претворајќи се во клучна фигура во џихадистичката пропаганда.

Тој беше уапсен во големата полициска операција против исламистичките мрежи во 2014 година и ги негираше обвинувањата. Австриските власти се сомневаат за околу 250 лица во врска со џихадистичка активност, а мнозинството од нив се по потекло од Босна и Чеченија.