Босанци се карале и пукале во центарот на Виена

0
2183

Ноќта меѓу неделата и понеделникот во Фаворитенштрасе во Виена, се случила престрелка меѓу Босанци, јавува порталот Остерајх, а пренесува Блиц.

Како што јавува австрискиот портал, меѓу двајца Босанци избила кавга. Во еден момент едниот од нив извадил огнено оружје и почнал да пука. Потоа на двајцата им се губи трагата.

Жителите на околните згради слушнале како едниот на другиот му вика „Пуцај!“ (Пукај) неколку пати. Кога вооружениот маж навистина почнал да пука, другиот почнал да бега. Снимката ја направил жител на зградата што бил сведок на пресметката и видеото го постирал на интернет.