Босеовски седнува на клупата на Пелистер

0
1006

Петко Босеовски денес е именуван за нов тренер на РК Пелистер. Тој за првпат ќе го води битолскиот суперлигаш, кој имаше не многу успешна есен и нема да се натпреварува во плеј-офот. Игор Николовски, кој ја водеше екипата во минатата една година, ќе биде негов помошник, а Кире Поповски ќе ја води младинската екипа. Пелистер најави и радикални промени во играчкиот кадар, отако веќе им се заблагодари на Чачиќ и Антиќ сега ќе доведе неколку засилувања за пролетниот плеј-аут, но пред се во перспектива на следната сезона. Поучени од оваа полусезона веројатно пелистерци уште сега почнуваат да ја коваат стратегијата за сезоната 2016/17.

Без коментари

LEAVE A REPLY