Боцевски амбасадор во Бразил

0
805

Новоименуваните амбасадори на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски, во Бугарија – Марјан Ѓорчев и во Турција – Звонко Муцунски, пред членовите на собраниската Комисија за надворешни работи ги презентираа тезите за нивното дипломатско дејствување.

Боцевски истакна дека отворањето на првата македонска амбасада во Бразил ќе биде и прва воопшто во Латинска Америка. Неговата работа ќе ја фокусира кон економската промоција на Македонија и кон привлекување странски директни инвестиции. Како пионер во дипломатската активност во Бразил во политичкиот дел посочува дека има значаен интерес кај нашите безбедносни институции за директни врски со бразилските институции, пред се’, во борбата против организираниот криминал и корупција, како и продлабочување на врските меѓу двете министерства за надворешни работи.

Опозицијата со бројни критики за именувањето на Ивица Боцевски за амбасадор во Бразил, како личност без ниту еден ден дипломатско искуство. Запраша дали ова е награда за досегашното негово одработување за власта. Во одбрана на Боцевски, застанаа пратениците од власта. Именувањата пак на Марјан Ѓорчев за амбасадор во Бугарија и на Звонко Муцунски во Турција, без поголеми забелешки.

Без коментари

LEAVE A REPLY