Божиќен концерт на Хрватскиот културен центар во Битола

0
445

Хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво Mарко Марулиќ од Битола, организираат Божиќен и новогодишен концерт, со настап на мандолинскиот оркестар Tрипо Tомас и детскиот хор при музичкото училиште Вида Мазјан од Котор.

Оваа година празничниот период се прославува заедно со

хрватското граѓанско здружение од Котор.

Ова здружение е основано во 2001- та година со цел промоција и репрезентирање на хрватското малцинство во Црна Гора .Има околу 1500 членови и има свои подружници во Котор, Тиват, Подгорица, Бар и Херцег Нови. Во Хрватска има свое претставништво во Дубровник.

Мхд. Марко Марулиќ секоја година традиционално го одбележува Божиќ, со гостување на ансамбли и групи, од градови од Хрватска или места на балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија.

Културните гостувања и соработки траат долги години колку што постои и МХД. Марко Марулиќ, се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиицја.

Изминатите години во текот на своето 20 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска.

Концертот ќе се одржи на 12-ти декември во сабота, во малата сала на Центарот за култура со почеток од 19 часот.

Влезот е слободен.