Божиќен концерт со битолските Ѕвончиња и КУД.Стив Наумов

0
961
Во Битола во Центарот за култура, се одржа Божиќниот концерт во организација на Здружението за македонско – германско пријателство.
На концертот настапија Младинскиот женски хор „Стив Наумов“ од Битола и детскиот музички хор „Ѕвончиња“.

Овој концерт во Битола се одржува традиционално, а првиот беше организиран во 1998 година.
 И овој божиќен концерт е поддржан од страна на германската амбасада во Скопје и Гете институтот.

Младинскиот женски хор настапи под диригентска палка на Љубомир Трифуновски а ги изведоа Глориа од Јохан Себастијан Бах, Тебе поем и Хвалите на Стеван Мокрањац , Дафино вино црвено на Драган Шуплевски, Ако одам во Битола -Трифуновски и Ода на радоста на Бетовен а Ѕвончињата под диригентска палка на Марина Коруновска ја воодушевија публиката со изведбата на повеќе дела на германски  меѓу кои и најпознатата божиќна песна, која за прв пат беше изведена во 1818 во црквата Св Никола кај Салцбруг.