Божиќен ручек за 500 деца

0
504

Оваа година по јубелеен 10ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот со седиште во Прилеп, за 500 деца на свечен Божиќен Ручек ќе се прослави Христовото раѓање. И оваа година, по 7-ми пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува престижното признание за општествена одговорност Орденот за носител на мирот. 

500 деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање, и на таа заедничка трпеза ќе седнат: деца без родители, деца на загинатите бранители, деца со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, Скопје, Охрид, Ресен, Тетово, Битола, Струмица и од другите градови ширум државава. Исто така, како во нашите програмски задачи и Конвенцијата за правата на децата за еднаквоста на децата, а во интерес на нашето мото „Едно небо за сите деца” на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат, рекоа на прес конференцијата.

Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски Администратор Австралиски и Новозелански Господин Петар. Свеченоста ќе ја збогатат Градскиот Детскиот Хор „Мали ангели” од Прилеп, а за културно-забавниот дел ќе се погрижат наградените деца од Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички” од Прилеп. И оваа година имаме покането гости од естрадата за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, тоа е македонскиот идол Христијан Тодороски, кој неколку години го слави својот именден со овие деца.

 

Организацијата на овој јубилеен 10ти Божиќен Ручек за 500 деца успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, покровителството на Градоначалникот на Општина Прилеп и голем број помагатели. И Тера телевизија како медиумски покровител меѓу другите медиуми кои дадоа своја подршка на оваа манифестација.