Вечниот Бог-најнова песна на Димитар, Елена, Тамара и Стефан

0
650

Димитар Aндоновски заедно со Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Стефан од Некст Тајм, во соработка со Македонската филхармонија, ја снимија божиќната песна „Вечниот Бог“.

На иницијатива на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, композиторот Владимир Димовски, кој е и голем пријател на манастирот, направи оркестрација на традиционалната божиќна песна „Вечниот Бог“, со што за првпат овој карактеристичен напев беше прилагоден за инструментална изведба.

Тамара, Елена, Стефан и Димитар во соработка со Македонската филхармонија, ја надополнија оваа прекрасна композиција, истовремено и честитка за македонскиот народ, за која беше направен и видео запис. Македонските изведувачи вешто го доловија богатиот источновизантиски православен мелос.

За подготовката на спотот се погрижија „Горила филмс“, кои за само два дена направија чудесен приказ на празничната божикна атмосфера, како извонредно надополнување на пораката за љубов и духовна радост што извира од стиховите. Дел од костимите беше изработен од долгогодишната соработничка на Бигорски манастир и верна пријателка, Елена Пандева од модната куќа „Елена Лука“.