Брајовото писмо да биде официјализирано, бараат слепите лица

0
533

За два дена, околу 220 лица од Битола со оштетен вид, ќе го одбележат денот на белото стапче. Како и секоја година здружението ќе организира активности за своите членови, но ова здужение најави и проект кој ќе биде од големо значење за оваа категорија на граѓани. Станува збор за одобрен грант од УСАИД за набавка на компјутер со брајов печатач.

Стевче Костадионовски претстедател на здружението вели дека преговараат со општината за простор каде ќе го стават овој компјутер како и друга опрема.

Костадиновски вели од овој аспект, кога тежнееме кон Европа, треба да ги почитуваме и имплементираме европските закони кои налагаат официјализирање на сите писма како, за глувите така и за слепите.

Претседателот вели само лековите се на брајово, а во маркетите ништо не е обележано за слепите луѓе.

Во 1947 година во Битола е формирано Здружението на слепи лица и првата паралелка што учи Брајово писмо. Се пофалија со учеството на Бит фест како и проектот за обука на слепите лица да работата на компјутер. Се надеваат дека на 15 октомври на одбележувањето на денот ќе присуствува и Министерот за труд и социјална политика, бидејќи од тука од Битола, почна борбата за права на слепиот човек во Македонија.

Без коментари

LEAVE A REPLY