„Браќа Манаки“ од 18 до 27 септември во Битола

0
301
Под мотото „Филмот е убав“ од 18 до 27 септември во Битола ќе се одржи 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

одинашни лауреати на наградата за животно дело „Златна камера 300“ се кинематограферите Јаромир Шофр од Чешка, Ришард Ленчевски од Полска и Божидар-Бота Николиќ од Србија. Николиќ е првиот добитник и на наградата СЕЕ камера за придонес во балканското филмско наследство. Лауреатите на денешната прес-конференција ги соопшти директорот на фестивалот, Димитар Николов.

– Интенцијата на тимот оваа година беше фестивалот што повеќе да се регионализира, програмски и тематски и да си го најде местото меѓу најзначајните филмски фестивали на Балканот. Годинава решивме да има три лауреати. Направивме вистински избор. Лауреатите и покрај возраста ќе бидат на фестивалот, а двајца од нив ќе бидат и во жирито, рече Николов.

Тој појасни дека Ленчевски, како претседател и Николиќ, како член ќе бидат дел од меѓународното жири, заедно со Ерџан Кесал (сценарист и актер од Турција), Хајет Бенкара (продуцентка и организатор на светски фестивали) и нашиот режисер и сценарист Митко Панов.