Браќата Мамиќ на слобода со кауција

0
354

Kонтроверзните браќа Мамиќ кои ги водат сите работи во Динамо Загреб денеска можат да излезат од притвор ако уплатат 11 милиони куни (околу 1,5 милиони евра) кауција. Таква одлука донесе Жупанискиот суд во Загреб кој ја подигна сумата откако Зоран и Здравко Мамиќ понудија вкупно седум милиони куни (помалку од еден милион евра). Веднаш штом ги уплатат парите, браќата ќе можат да излезат од притвор, па дури и да стигнат за вечерашниот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против луксембуршкиот Фола Еш. Заедно со браќата Мамиќ, од притвор може да излезе и извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Дамир Врбановиќ за кого е побарана гаранција од 500 илјади куни (околу 70 илјади евра). Сите тројца се товарат дека го оштетиле Динамо за над 16 милиони евра, а државата Хрватска за 1,7 милиони евра за неплатени даноци. Најмногу пари извлекол Здравко Мамиќ, околу 700 илјади евра, а неговиот помлад брат Зоран околу 500 илјади евра.

Без коментари

LEAVE A REPLY