Бразил без Густаво на Копа Америка

0
117

Фудбалерот на Волфсбург, Луис Густаво, поради повреда нема да настапи за Бразил на престојното првенство на Јужна Америка. Лекарскиот тим на бразилската репрезентација во средата потврдил дека Густаво ќе мора да го оперира менискусот и дека му престои подолга пауза.

Селекторот на Бразил Карлос Дунга сеуште не одлучил кој играч ќе биде во составот наместо Луис Густаво. Инаку, покрај Густаво на Копа Америка нема да игра ниту левиот бек на Реал, Марсело, кој го откажа настапот поради повреда на грбот.

Луис Густаво оваа сезона беше еден од клучните играчи на Волфсбург кој го освои второто место во Бундеслигата и триумфираше во германскиот Куп.

Бразил настапот на Копа Америка ќе го отвори на 14.јуни против Перу, а во Групата Ц ќе се натпреваруваат и репрезентациите на Колумбија и Венецуела.