Бразилските власти немаат намера да ги одложат ОИ

0
376

Бразилското министерство за здравство и организацискиот одбор за Олимпијадата во Рио де Жанеиро немаат намера да ги одложат ниту од тој град да го преместат одржувањето на Летните олимписки игри поради епидемијата зика во земјата, објавија во саботата тамошните медиуми.

Бразилското министерство ги уважува аргументите и ги следи упатствата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) според кои во август, кога на јужната Земјина хемисфера владее зема, има најмалку комарци од видот Aedes aegypti, кој ги пренесува вирусите денга, зика и чикунгуња.

Во февруари годинава главната директорка на СЗО, Маргарет Чан во Рио изјави дека јавноста не треба да биде загрижена, бидејќи во август поради годишниот период има најмалку комарци.

Организацискиот комитет за Олимпијадата во Рио во 2016 година, објави дека ги почитува ставовите на стручњаците, но дека ќе се придржува до препораките на СЗО, кој во одржувањето на Олимпијадата не гледа опасност, пишува весникот О’ Globo.

Одговарајќи на повикот на повеќе од 100 водечки научници, кои порачаа дека би било неетички игрите да се одржат како што е планирано , здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека одржувањето на игрите онака како што е планирано позначително не би го изменило ширењето на вирусот на зиката поврзано со сериозните природени нарушувања.

„Врз основа на сегашните сознанија за вирусот зика кој кружи по повеќе од 60 држави во светот и на 39 на американскиот простор, не постои јавноздравствено оправдување за одложување или откажување на игрите“, напиша СЗО во соопштението, порачувајќи дека најдобар начин за намалување на ризиците од болеста е „да се следат јавноздравствените упатства за патувања“.

Повеќе од стотина влијателни светски научници побараа во отворено писмо одржувањето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, предвидени за август, да се откаже или да се преместат во друг град поради вирусот зика./крај/мф/сн