Брдаровски го напушти унгарскиот Ѓер

0
148

Битолчанецот Владица Брдаровски го напушти унгарскиот Ѓер на истекот од договорот. Тој имаше краток договор со унгарските зелено-бели, па сега ќе мора да побара нова средина. Брдаровски во својата кариера претходно настапуваше уште за Пелистер, Брно и Работнички, а има и две средби за македонската фудбалска репрезентација. Оваа сезона за Ѓер, Брдаровски оидгра 11 мечеви во првенството, а тимот обезбеди опстанок во најсилната лига на Унгарија.