Брегзитот е самоуништување за Британија

0
339

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер оцени гласањето за излегување на Британија од Европската унија на утрешниот референдум би бил „чин на самоуништување за британците“. „Свртување на грбот на соседите и враќање кон изолација се косат со сето она што Европа и Британија претставуваат“, рече Јункер за време на вчерашната посета на Атина. Тој додаде дека Унијата вложила многу за зачувување на мирот, слободата и просперитетот, создавајќи модел на кој му завидува целиот свет. Тој модел е невозможен без Британија, оцени Јункер.