Брекзит би имал непредвидливи последици

0
335

Можното излегување на Велика Британија од Европската унија би можело да има „непредвидливи последици врз заедничкиот живот на Европејците“, смета претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Британците треба да се изјаснат на референдумот на 23-ти јуни за останување или излегување од Европската унија, а анкетите покажуваат дека ниедна од тенденциите нема изразена предност.

Доколку Британците се изјаснат за излегување од ЕУ, односно ткн Брекзит „сигурно би имал непредвидливи последици врз заедничкиот живот на Европејците во врска со што апсолутно не сакам да шпекулирам, бидејќи сум убеден дека Британците ќе одлучат разумно“, вели Јункер во разговорот за германската Funke Mediengruppе кој ќе биде објавен во понеделник.

„Сите Европејци сакаат Велика Британија да остане во семејството“, додава Јункер.

Европскиот комесар за економски и монетарни прашања, Пјер Московиси, исто така, во неделата изјави дека британското излегување би била ситуација во која што сите би изгубиле.

„Страсно посакувам Велика Британија да остане дел од Европската унија. Мислам дека тоа би претставувало загуба за сите, загуба за нив и загуба за нас, доколку Британија замине“, изјави Московиси за телевизијата BFM./крај/мф/сн