Брекзит ќе биде добар за ЕУ

0
389

Европскиот комесар за дигитално општество Гинтер Отингер смета дека излезот на Велика Британија од ЕУ ќе дозволи развој на нови перспективи и ќе даде нова динамика.

Еден од најголемите поддржувачи на Европската интеграција има сосема спротивно мислење од канцеларката Ангела Меркел и вицеканцеларот Зигмар Габриел кои што предходно упатија пораки дека излезот на Лондон од унијата ќе биде штетно за европската идеја.
Според Отингер во случај на „Брекзит“ Брисел ќе може да направи напредок во заедничката безбедносна политика, надворешните работи и антитероризмот затоа што Британија е еден од главните опоненти на понатамошната европска интеграција, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Германскиот еврокомесар е еден од ретките членови на европската влада кој што дава јавни изјави пред британскиот референдум закажан за 23 јуни. Британските поддржувачи на излезот од ЕУ ја користат секоја изјава дадена од европските политичари во врска со референдумот за да покажат пред британската јавност дека ЕУ врши притисок врз островот. Изјавата на канцеларката Меркел дека ако излезе од ЕУ Британија потешко ќе може да ги добие бараните договори со ЕУ во Лондон беше оценета како закана и уцена од страна на Германија.