Брисел-17 мртви во експлозиите на аеродромот, над 35 повредени

0
341

Две силни експлозии го потресоа аеродромот „Завентем“  во Брисел. Белгиската телевизија ВРТ повикувајќи се на извори од противпожарните екипи јавува дека има 17 жртви и 35 повредени.

Експлозиите се случиле на делот од аеродромот каде патниците го предаваат својот багаж и каде ги добиваат своите картички за влез во авионот.

Белгиската телевизија прикажува снимки од аеродромот од каде се гледа голем чад. Се гледа и внатрешноста на аеродромот на која е прикажано голема штета, расфрлан багаж и скршено стакло.

Очевидци за медиумите јавуваат дека најпрво дошло до една експлозија, по што настанала паника, луѓето почнале да бегаат на сите страни. По ова одекнала и другата експлозија во близината на првата.

Пожарникари и медицинските екипи веднаш пристигнале на самото лице место, а аеродромот е блокиран од силни полициски сили.

Според Раша Тудеј двете експлозии се случиле на терминалот за летови на „Американ ерлајнс“.

Засега не се познати причините за експлозиите.

Експлозиите се случуваат само четири дена по аспењето на Салах Абдеслам, главниот осомничен за терористичките напади во Париз на 13 ноември 2015 година.

Според белгиските медиуми, во обвинителниот акт Абдеслам се товари за „убиства од терористички мотиви“ и за „учество во терористичка група“.

Сите летови се затворени, а останатите се пренасочени, велат аеродромските власти, заради целата ситуација.