Брисел бара преговорите да продолжат

0
164

Eврокомесарот Јоханес Хан имал телефонски разговор со лидерот на СДСМ, но и со други лидери: пораката е преговорите за надминување на политичката криза да продолжат, велат дипломатски извори.

Прекинот на преговорите од страна на СДСМ, со оценка дека тие се неуспешни и дека договорот од 2-ри јуни во континуитет е миниран од Никола Груевски, вчера попладното ги вжешти телефонските линии на релација Брисел – Скопје. Како што дознаваме од дипломатски извори, еврокомесарот Јоханес Хан (насловна фотографија) имал долг телефонски разговор со лидерот на СДСМ, но и со „други учесници” во доскорешните преговори. За ваквата одлука, со Заев разговарале и амбасадорите на САД и ЕУ – Џес Бејли и Аиво Орав, кои се учесници во мониторингот врз преговарачкиот процес, но и други амбасадори од земји-членки на ЕУ.
„Пораката генерално гласи – во интерес на земјата е преговорите да продолжат преку конструктивен дијалог”, велат дипломатски извори.