Брисел го намали степенот на закана од терористички напади

0
277

Максималните безбедносни мерки беа на сила во Брисел речиси цела недела. Во прашање беше четврт степен на опасност, што значеше дека постои опасност од сериозни и директни терористички напади Белгиските власти го намалија, од највисок четврт, на трет степен.

Главниот град на Белгија речиси една недела беше под највисоко ниво на опасност поради сомнежи дека дел од осомничените за терористичките напади во Париз на 13 ноември се кријат во градот и дека е можно да подготвуваат напади слични на оние во Париз.