Брисел го отфрли барањето за затворање на нуклеарните централи

0
270

Белгија го отфрли барањето на соседна Германија за затворање на две постари нуклеарни централи во близина на заедничката граница, тврдејќи дека објектите ги исполнуваат најстрогите безбедносни стандарди, пренесува МИА.

Германскиот министер за животна средина Барбара Хендрикс побарала 40-годишните реактори „Тијанж 2“ и „Дул 3“ да се исклучат „додека не се решат безбедносните прашања“.

Белгиската агенција за нуклеарна безбедност соопшти дека двете нуклеарки „ги исполнуваат најстрогите можни безбедносни барања“.