Брисел најавува можност за одмрзнување на препораката за преговори со Унијата

0
394
epa06093945 (L-R) European Commissioner for Enlargement negotiations Johannes Hahn,Macedonian Foreign affairs minister Nikola Dimitrov, EU High Representative for Foreign Affairs Federica Mogherini and Bujar Osmani Deputy Prime Minister for European Affairs ahead of an EU and Former Yugoslav Republic of Macedonia Stabilisation and Association Council at the European Council in Brussels, Belgium, 18 July 2017. EPA/STEPHANIE LECOCQ

Ако државата постигне напредок во однос на реформите, Брисел е расположен и порано ќе го испорача извештајот за напредокот на државата, порача еврокомесарот Јоханес Хан по состанокот за асоцијација и стабилизација кој се оддржа во Брисел.

Сепак договорот од Пржино и итните приоритети според еврокомесарот Хан мора да бидат основата на секој план од ЕУ агендата а од таа причина, тим на експерти предводени од Рајнхард Прибе претстојуваат во државата каде заедно со владини претставници ќе работат на решавање на проблемите околу владеењето на правото.
Високата претставничка на европската комисија, Федерика Могерини која беше копретседавач на советот заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи пак изјави дека Европската унија стоеше зад земјата целиот период на политичка криза , го помогнала дијалогот и дека сега се очекуваат резултати од посветеноста на реформите.
Вицепремиерот Бујар Османи посочи дека по една година пауза, поради тешката политичка криза во земјата, денешниот состанок претставува добар знак дека државата се враќа на патот кон евроинтеграциите. Посочи дека на еврокомесарите им пренел три основни пораки и дека планот на владата е да се постигне консензус со сите фактори во државата со цел побрз пат кон Европската Унија. Го обралозложи патоказот 3 6 9 и најави дека законот за алабнскиот јазик ќе биде донесен во првите 100 дена од Владата.
Министерот за надворепшни работи, Никола Димитров пак порача дека новата влада има само едно суштинско ветување а тоа е градење на независни институции кои ќе обезбедат со државата да владее правото. Порача дека државата е цврсто решена да ја искористи втората шанса која и е дадена од Унијата.

Без коментари