Британија доби „специјален статус“ во ЕУ

0
486

Дејвид Камерон постигна договор за „специјален статус“ на Велика Британија во ЕУ и ќе им препорача на британските граѓани да гласаат за останување на земјата во Унијата на претстојниот референдум.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ едногласно го прифатија планот за реформи во општите правила на Унијата, во согласност со барањата на Велика Британија.

Сега сепак Камерон треба да го започне тешкиот процес според кој треба да ги убеди евроскептиците во сопствената земја, вклучувајќи ги и министрите на неговиот кабинет, дека договорот ги задоволува националните интереси.

„Тоа е доволно за мене, за да им препорачам Британија да остане во Европската унија“, изјави Камерон.

Во рамките на Европскиот совет, лидерите на земјите членки се согласија на одредени промени во општите правила на блокот, што ќе значи и промени во основните договори.

Тие ќе влезат постепено во сила ако по референдумот Британија остане во ЕУ.

Планот за реформи и обезбеди на Британија „специјален статус“, според зборовите на Камерон.

Неговата влада побара од Европа повеќе права за земјите надвор од еврозоната, намалување на регулациите за поголема конкурентност на Европа на глобалниот пазар, повеќе права на националните парламенти при донесување на заеднички решенија и воведување на можност за намалување на социјалната помош за имигрантите од други европски земји.

Овој пакет од предлози беше усвоен едногласно од лидерите по дводневни дебати во Брисел.

Без коментари

LEAVE A REPLY