Британија ќе прифати повеќе деца без родители од Сирија

0
388

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска во Лондон дека Британија ќе прифати „повеќе деца“ од Сирија, но не кажа за колкав број станува збор.

Според Камерон, владата допрва треба да определи за колку деца од регионот каде се војува, а кои сега се наоѓаат во Европа, станува збор.

Британија досега прифаќа деца од бегалските кампови на сириската територија и во нејзиното соседство, но владата во Лондон подолго време се наоѓа под притисок да прифати и дел од децата кои се на територијата на ЕУ.

Без коментари

LEAVE A REPLY