Британија ќе стане „ трета земја“

0
408

Доколку Велика Британија излезе од Европската унија ќе треба да прифати дека ќе ја третираме како трета држава, предупреди претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во интервју за францускиот весник „Монд.

Доколку Британците на 23 јуни гласаат против останувањето на земјата во ЕУ, животот во државата нема да се одвива како досега.
Обединетото Кралство ќе треба да прифати да биде третирано како трета земја, која нема да биде милувана по главата, рече тој.
– Доколку Британците ја напуштат Европа, ќе треба да донесеме соодветни заклучоци, и ние и тие. Не се заканувам, но односите повеќе нема да бидат исти, додаде Јункер.