Британска телевизија доби список со 22 илјади имиња на членови на ИД

0
372

Неколку „протечени“ документи на Исламската држава со податоци за 22 илјади припадници на терористичката организација од 51 земја, се доставени до британските безбедносни служби, објави Скај Њуз.

Медиумот наведува дека  преку овие документи би можеле да бидат откриени плановите за терористички напади во Европа.

Опозицискиот сириски портал Заман ал Васл објави дел од формулар со анкета од 23 прашања за името, за датумот, за местото на раѓање, за националноста и за крвната група на борци на ИД, а во него увид имале од Скај Њуз.

Во формуларот имало прашања дали кандидатите сакаат да ѝ послужат на ИД како бомбаши самоубијци, војници или на некој друг начин, а се барало да наведат и претходни искуства во милитантниот џихад.

Во документите имало податоци и за веќе познати членови на ИД, меѓу кои и за британските државјани Абдел Бери, Џунаид Хусеин и Ријад Кан.

Според Заман ал Васл откриени се лични податоци за 1.736 борци од 40 земји, од кои четвртина се од Саудиска Арабија, а има и од Тунис, од Мароко и од Египет.

Меѓу откриените идентитети на екстремисти од Европа, најголем дел се од Франција, а потоа следат државјани на Германија и на Велика Британија, додека четири од нив се од САД и шест од Канада.

Без коментари

LEAVE A REPLY