Британската полиција истражува врска на десниот екстремизам со убиството на пратеничката

0
379

Британската полиција  соопшти дека десничарскиот екстремизам е важна насока во истрагата за убиството на 41-годишната лабуристичка пратеничка Џо Кокс, откако мажот приведен за нејзиното убиство е осомничен за врски со неонацисти и историја на душевна болест.

Џо Кокс, за која британските медиуми потенцираат дека беше приврзаник на останување на Велика Британија во Европската унија, беше застрелана и прободен со нож во четвртокот од маж, за кој сведоците велат дека наводно при нападот извикувал „Прво Британија“, во нејзиниот изборен круг во близина на Лидс во северна Англија. Тоа, инаку, е име на крајно десна партија којашто на своите интернет страници себеси се опишува како „патриотска партија и улична организација за самоодбрана“.

Полицијата го уапси 52-годишниот Томас Мејр, во близина на местото на инцидентот, и тој и натаму е во притвор каде е испрашуван. Тој сé уште не е обвинет.

Полицијата соопшти дека припадниците на антитерористичката агенција се вклучени во истрагата за нападот кој се случил кога Кокс одела да се сретне со своите гласачи во локалната библиотека.

„Свесни сме за шпекулациите во медиумите во врска со поврзаноста на осомничениот со службите за психичко здравје и таа насока ја следиме“, изјави во соопштение привремената началничка на полицијата во Западен Јоркшир, Ди Колинс.

„Свени сме и за заклучоците во медиумите за тоа дека осомничениот е поврзан со десниот екстремизам, што е приоритетна насока на истрагата којашто ќе ни помогне да ги утврдиме мотивите за нападот врз Џо“, додава.

Право Британија, крајно десната националистичка група, решително негираше каква и да е поврзаност со осомничениот за убиството на надежната млада лабуристка, мајка на две малолетни ќеркички.

Меѓутоа, американска група за граѓански права соопшти дека тој Мејр претходно бил поврзан со една неонацистичка организација. Southern Poverty Law Center (SPLC), група чие седиште е во американската сојузна држава Алабама, на својата интернет страница објави дека наводно дошла до податоци коишто покажуваат дека Томас Маир бил поврзан со ненонацистичката организација Национален сојуз (NA) во 1999 година.

SPLC објави слики коишто, како што наведува, покажуваат нарачки за книги кои Мејр, чијашто адреса е наведена како Бетли во северна Англија, купил од издавачот на Националниот сојуз – „National Vanguard Books“ во мај споменатата 1999 година.