Британски Скај њуз: Бегалците тепани со пендрек на македонската граница

0
1299

Граничната полиција во Македонија користи палки за да ги враќа назад илјадниците накиснати луѓе што сакаат да се пробијат на север кон Европа, пишува денеска британски Скај њуз, а пренесоа и другите светски медиуми.

На телевизиските снимки се гледа како граничните полицајци во Македонија ги удираат луѓето со пендреци во екот на поројните дождови, пишува медиумот и додава дека најмалку 7.000 лица, меѓу кои и голем број родители со мали деца в раце, ги поминуваат калливите области преминувајќи од Грција во обид да стигнат во Србија.

„Овие слики се направени во Македонија. Ние сфаќаме дека ова е гранична полиција, која, може да се каже, се обидува да ја задржи контролата, да го одржи редот, но може да се види како луѓето се тепани со нешто што личи на пендреци додека полицијата ги групира“, вели репортерката на Скај њуз Лиза Холанд.

 Грчката погранична полиција соопшти дека толпата луѓе што влегуваат во Македонија е најголемиот досега виден бран бегалци и емигранти, вели Скај њуз.
www.mkd.mk