Британскиот Парламент гласаше за обновување на нуклеарното оружје во земјата

0
326

Британскиот Парламент со 472 гласа „за“ наспроти 117 гласа „против“ гласаше за обновување на остарените нуклеарни орудија на Велика Британија, пренесоа британските медиуми.

Проектот, вреден  милијарди фунти, за модернизирање на системот „Трајдент“ е клучен за обезбедување на натамошниот статус на Велика Британија како светска сила, особено по референдумот на кој Британците се изјаснија за излез од Европската Унија, додаваат британските медиуми.

Парламентот во 2007 година зазеде принципиелен став за модернизирање на британските нуклеарни запирачки сили. Денешното гласање ја потврдува одлуката да се изградат четири подморници, вооружени со нуклеарни ракети „Трајдент“, со кои Велика Британија постојано во морето ќе располага со нуклеарно оружје.