Британскиот Парламент ја одложи расправата за законот за Брегзит

0
198

Британскиот Парламент ја одложи расправата закажана за следната недела за клучниот закон и излез на Велика Британија од ЕУ, соопшти претседателката на Долниот дом на Парламентот Андреа Лидсом.

-Нема ништо чудно, ниту причина за страв поради оваа мала пауза, рече кратко Лисдом пред пратениците, јави Ројтерс.

Би би си вчера објави дека е можно владата на Британија да го одложи ставањето на овој закон пред Парламентот, поради политички раздор.