Британските авиони ќе ги почнат воздушните удари врз ИСИС во Сирија

0
342

Британскиот парламент  гласаше за почнување на воздушни напади врз таканаречената Исламска држава во Сирија, јавуваат британските медиуми. За нападите гласаа 397 пратеници, а против нив беа 223.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во парламентот порача дека акцијата против „средновековините чудовишта и силувачи“ е легитимна и дека тоа „ќе ја направи Британија побезбедна“.

 Лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин беше против нападите, но уште претходно на членовите на својата партија им кажа да гласаат според сопствената совест, па опозициските пратеници беа поделени околу ова прашање.