Британските конзервативци го губат мнозинството во парламентот

0
203

Партијата на британската премиерка Меј го губи мнозинството во парламентот. Тоа, велат дека фрла сомнеж врз напорите на Меј да преговара за британското излегување од ЕУ

Ројтерс, ББЦ и Скај њус, врз база на нецелосните резултати од вчерашните парламентарни избори, предвидуваат дека Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј ќе го загуби мнозинството во парламентот.

Губењето на мнозинството од 330 места, како и фактот дека ниедна друга партија нема доволно гласови за да владее, најверојатно ја втурнуваат Велика Британија во период на криза со „висечки“ парламент и фрла сомнеж врз напорите на Меј да преговара за британското излегување од ЕУ.

По објавувањето на резултатите за 633 места во 650-члениот парламент, според кои партијата на Меј освоила 308, веќе не е можно да се освојат неопходните 326 седишта за мнозинство. ББЦ предвидува дека Конзервативците ќе имаат 318 пратеници, додека опозициската Лабуристичка партија ќе има 267 места, додека Скај њус прогнозира меѓу 315 и 325 пратеници за партијата на Меј.