Британците гласаат за останување или заминување од ЕУ

0
229

Гласачите во Британија денеска на референдум решаваат дали нивната земја да остане или да замине од Европската унија. Тоа е прв референдум во Британија во изминативе над 40 години што е поврзан со Унијата. Анкетите покажуваат дека и двете страни имаат подеднакви шанси за успех по неколкумесечната кампањата за убедување на над 46 милиони британци со право на глас. Поголемиот дел од кампањата беше насочен кон економијата и миграцијата, но и бирократијата во рамките на Европската унија.

Поплавите кои ги предизвика силниот дожд го погодија денеска Лондон и делови на југоисточна Англија. Лондонската противпожарна служба соопшти дека за кратко време добила повеќе стотина повици поврзани со инциденти од невремето, вклучувајќи ги ударите од гром и поплави. Според официјални лица, пожарникарите оперирале на 400 локации.

Според одделни извештаи, надојдената вода е на улиците на Лондон. Денеска во Велика Британија се одржува референдум за останување или излегување од Европската унија (ЕУ) на оваа земја. За само еден час во источен Лондон паднале 20,5 милиметри дожд, што е половина од просечните врнежи во текот на целиот јуни.

Агенцијата за заштита на екологијата објави четири предупредувања за можнто излевање на реките во одделни места во Велика Британија.