Британците не знаат што сакаат

0
438

Неизвесно е каков исход ќе има референдумот за членство на Британија во ЕУ, кој ќе се одржи в четрток.

Според најновите анкети Британците се речиси во ист број за и против излезот на Британија од ЕУ.
Времето за уверување на гласачите да гласаат за едната или за другата опција истекува, па на стадионот „Вембли“ вечерва ќе биде одржана дебата меѓу поддржувачите и противниците на Брегзит. Кампањата за заминување ќе ја води поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, а за останување сегашниот градоиначалник Садик Кан, пренесува АФП.

Најновите анкети покажуваат дека исходот на референдумот е крајно неизвесен, со блага предност на противниците на Брегзит. На референдумот ќе пресудат мал број гласови.

Без коментари

LEAVE A REPLY