Британците со поделени мислења пред референдумот

0
289

Бројот на поддржувачите е еднаков со оној на противниците, по прашањето околу тоа дали Велика Британија треба да остане или да ја напушти Европската Унија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Ју-Гов“ за весникот „Тајмс”.

Истражувањето покажува и дека референдумот ја поткопува довербата кон премиерот Дејвид Камерон, којшто предупреди за ризиците за економијата и за сигурноста на Велика Британија, ако тие одлучат да напуштат.

Поддршката за останување во ЕУ изнесува 41 отсто, и е зголемена за три процентни поени помалку во однос на минатата седмица, а 41 отсто од Британците го сметаат спротивното (еден процентен поен повеќе од претходно). Четири отсто од анкетираните одговориле дека нема да гласаат, а 13 проценти уште не се решиле како ќе гласаат.