Брод превезувал оружје во грчките води

0
262

Недалеку од островот Крит, крајбрежната стража на Грција задржа брод, кој пловел под знамето на Боливија, а превезувал оружје од Турција во Либија, соопшти агенцијата АНА-МПА.

Според агенцијата, бродот „Ханти 1“, со девет членови на екипажот, во придружба на конвој ќе биде одведен до пристаништето Ираклион.

Бродот, во чии контејнери беше откриена непозната количина оружје, патувал од Турција во Либија. Во документите товарот е опишан како „стока од пластика”.