Бројката на загинати во шумските пожари достигна 57 лица

0
465

Во шумските пожари во централниот дел на Португалија загинаа 57 лица, а во тешка сосотојба се 59, според португалската влада, пренесува Ројтерс.

Како што е наведено, повеќето луѓе страдале во своите автомобили што биле заобиколени од пожарот на патот.

Во областа Пердогао Гранди, 150 километри североисточно од Лисабон, 600 пожарникари од саботата се обидуваат да го изгаснат пожарот, изјави официјален претставник на Министерството за внатрешни работи Зорзи Гомез.

„Облакот од чад е многу низок, што не дозволува хеликоптерите и авионите да работат ефикасно… но ние правиме се што е можно и невозможно за да се изгасне пожарот”, изјави Гомез, додавајќи дека во моментов нема села што се изложени на ризик.

Гомез изјави дека 16 лица загинале во своите возила долж патот меѓу Фигуеира душ Вињош и Каштањеира ди Пера, а три лица починале од труење со чад.