Бројна публика и многу насмеани детски лица на седмото Битолино

0
346

Со театарската претстава „Снежана и седумте џуџиња“ во изведба на театарската школа при Бабец театарот Битола, се спушти завесата на седмото издание на Битолино. Одлична претстава и 480 насмеани лица. Исполнета сала на народниот театар и прекрасна атмосфера.

Сонувај сон, свој сопствен сон, беше мотото на Битолино.
– Многу емоции и задоволни деца-изјавиja oрганизаторите.
Првиот ден беше отворен со претставата Јованче и Марика, претстава работена според приказната на Браќа Грим, во режија на Васко Мавровски, дизајн Благој Мицевски, сцена Цветан Јовановски, светло Игор Мицевски.
Во претставата играа – Јулијана Мирчевска, Валентина Грамосли, Никола Пројчевски
Петар Спировски.
Дел од фестивалот беа и Важноста на театарот за децата, театарска работилница, сценско движење со која раководи српскиот актер Милан Пајиќ, претставата гостување од Бугарија-Крушата Рагаца, после која следуваше театарска група од Битола .
Третиот ден продолжи со Гестот позборлест од зборот, после што следуваше претставата Фантазија и мимика, на театар студио Нада од Рума, Србија.

Дел од годинешното изднаие на фестивалот беше и изложбата  на Ивана Кочов, насловена „Сакам да сонувам”.

Театарската игра е магија, но кога на сцената се играат претстави за деца тогаш таа е повозбудлива.
Инаку организаторот, Бабец театарот, е можеби единствениот детски театар во земјава, кој што толку трпеливо и упорно работи на својот сон.

Во 2010-тата се роди овој театар, со премиера на претставата Готвејќи го Шекспир. 5 години подоцна на конгресот на светската асоцијација на детски театри во Индија со 143 гласови За, Бабец театарот стана член на големото семејство на детски театари. Успешната приказна, продолжува и денес.
Оваа година фестивалот траеше од 7- ми до 9- ти август.