Бројот на загинати во Ирак надмина 200

0
323

Бројот на жртви во двете експлозии што вчера го потресоа Багдад надмина 200. Во земјата почна 3-дневната жалост за најкрвавиот напад годинава, за кој одговорност презеде исламската држава.

Во Ирак започна тридневна жалост по самоубиствените напади во еден трговски центар во Багдад . Одговорноста за нападите што се случија вчера ја презедоа милитантите на Исламската држава. Американската Бела куќа ги осуди нападите, нагласувајќи дека тоа само ја зацврстува решеноста на САД за справување со милитантите на ИД.