Бројот на загинати во потонувањето на кинескиот брод се искачи на 396 луѓе

0
140

Бројот на загинатите во потонувањето на бродот „Источна ѕвезда“ кој се преврти во реката Јанце се искачи во саботата на 396 луѓе, додека стотина се водат како исчезнати, а бродарската компанија издаде јавно извинување и порача дека ќе соработува во истрагата на властите.

Откако во понеделникот се преврти патничкиот брод „Источна ѕвезда“ на кој имало 456 луѓе, пронајдени се само 14 преживеани, меѓу кои и капетанот на бродот, а полицијата него и главниот машинист ги задржа на испитување. Спасувачите трагаат по бродските кабини во потрага по жртвите.

На самиот почеток од истрагата се покажа дека бродот не бил претоварен, како и дека имало доволно појаси за спасување. Повеќето патници биле постари лица, меѓу 50 и 80 години. Патниците и екипажот завршија во водите на Јанце по превртувањето на бродот кој се нашол на налет на торнадо.

Бродот пловел од Нанџинг, главниот град на источната кинеска покраина Џиангсу, кон Чонгчин, во југозападна Кина.,а потона во близина на Џионали. Преживеаните патници изјавија дека бродот потонал за многу кусо време, 30 до 60 секунди, и повеќето од 405 патници и 46 члена на екипажот не успеале ниту да дојдат до средствата за спасување.

Џианг Жао, генералниот директор на компанијата којашто стопанисува со бродот, се поклони во текот на интервјуто за државните медиуми во знак на извинување за трагедијата велејќи дека „целосно“ ќе соработува со истрагата. Властите во Пекинг соопштија дека во истрагата нема да има забошотувања.

Повеќе од илјада членови на семејствата на жртвите допатуваа во Џианли во централната покраина Хубеи, каде што потона „Источната ѕвезда“, жалејќи се на недостиг од информации од страна на властите.