Бројот на жртвите од нападот на свадбата во Турција се зголеми на 50

0
364

Бројот на жртвите од самоубиствениот бомбашки напад на свадба во југоисточна Турција се искачи на 50 луѓе, според локалните власти, пренесе Ројтерс. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Исламска држава дека ја предизвикала експлозијата.

Канцеларијата на локалниот гувернер во соопштение потврди дека 50 лица загинале во бомбашкиот напад, додека голем број повредени луѓе се лекуваат во болниците низ целата провинција.

Осомничениот напаѓач активирал самоубиствен појас на курдска свадба во градот Газиантеп, недалеку од границата со Сирија.

„Прославата привршуваше кога се случи голема експлозија меѓу луѓето што играа“, рече 25-годишниот Вели Кан за Ројтерс. „Насекаде имаше крв и делови од тела.“

Махмут Тогрул, член на прокурдската Демократска народна партија (ХДП), за Ројтерс изјави дека станува збор за курдска свадба.

„Тоа беше свирепо спроведено“, рече Ибрахим Оздемир, мислејќи на Исламска држава. „Ние сакаме да им се стави крај на овие масакри. Ние сме во жалост, особено жените и децата.